Haier Pearl Premium: Бисерно бел дизајн, беспрекорно тивок

Мат белата боја, меките заоблени линии и минималистичкиот изглед му даваат на Haier Pearl Premium тивка елеганција. Не доминира во просторот и не го нарушува ентериерот – едноставно го надополнува со својата префинета појава.

Тишина што внесува мир

Кога домот ќе се смири, најмалку ви е потребен звукот од клима-уредот. Haier Pearl Premium работи тивко и ненаметливо додека вие спиете, читате или уживате во мирна вечер. Совршен избор за спалната соба, детската или канцеларијата.

Пријатната свежина ве чека на прагот

Надвор – тежок летен ден. Преку апликацијата hOn го вклучувате уредот пред да пристигнете, а турбо ладењето брзо создава пријатна температура. Ја отворате вратата и веднаш чувствувате дека дома сè е токму така така како што треба.

Чист воздух за целосна хармонија

Убавината на домот не е само во она што го гледаме, туку и во воздухот што го дишеме. UV-C PRO стерилизацијата и Steri Clean технологијата се грижат за чистотата во уредот, за домашната атмосфера да остане свежа и пријатна.

Совршен комфор со паметна заштеда

Со врвна енергетска ефикасност и паметен еко режим, Haier Pearl Premium троши промислено без да го намали комфорот.
Haier Pearl Premium е нашата препорака за смарт инвертер инвертер-технологија која што ги спојува минималистичката естетика, речиси нечујна работа и паметната ефикасност. Вистински „бисер“ создаден да внесе хармонија во секојдневието.

Вреди да прочитате