Гаранција
5 години гаранција
Гаранцијата важи за клима уреди од домашната серија Haier, произведени од Haier групацијата и увезени од компанијата Мега ДОО како овластен увозник. Некомерцијалната (домашна) употреба опфаќа уреди што се користат исклучиво за лична намена, односно не се користат за комерцијални намени или во деловни простории. Доколку клима уредот се користи за комерцијална намена (канцеларии, кафиќи, супермаркети, ресторани, локали со поголема фреквенција) гаранцијата изнесува 24 месеци без можност за продолжување.
Гарантниот рок за домашната серија на клима уреди изнесува 3 години со можност за дополнителни 2 години продолжена гаранција од датумот на вградување (основната гаранција од 3 години се продолжува за дополнителни 2 години под истите услови, доколку купувачот го пополни образецот за издавање сертификат на продолжена гаранција).
Остварување на гаранцијата
Доколку поправката на клима уредот за времетраењето на гарантниот рок трае подолго од 30 дена од денот на пријавувањето, дефектот не може да се отстрани, истиот ќе биде заменет со нов. За времетраење на поправката, гарантниот рок се продолжува. Гаранцијата започнува да важи од денот на монтажа на клима уредот што се докажува со уредно пополнет гарантен лист (име, адреса, печат, потпис на продавачот и монтерот, датум на продажба и монтажа) и оригинална фактура/сметкопотврда и фискална сметка.
Во текот на гаранцијата, клима уредот мора да биде прегледуван еднаш годишно. За да важи продолжената гаранција мора да се изврши сервисно одржување кое го нарачува купувачот пред истекот на секоја поединечна година од важноста на гаранцијата. Редовната годишна контрола и заверка чини 1.000 денари со вклучено ДДВ (цената може да биде изменета согласно важечки ценовник). Прегледот исто така опфаќа проверка на притисок, дополнување на гас (по потреба) и замена на други потрошни материјали, доколку е потребно.
Во редовната годишна контрола не е вклучено чистење на клима уредот.
Задолжителна е кратка обука од страна на овластениот монтер. Купувачот е должен со потпис да потврди дека обуката е одржана. Уредот мора да биде вграден и пуштен во работа од страна на овластено или стручно оспособено лице. Поправките во гарантен рок, по правило, се вршат на локацијата каде што е монтиран уредот.
Гаранцијата НЕ важи ако дефектот настанал од:
- 1. Природни непогоди како што се: удар од гром, пожар, изложеност на вода, моментални струјни удари;
- 2. Надворешни хемиски влијанија кои ја нагризуваат бакарната инсталација.
- Гаранцијата НЕ важи во случај на дефекти кои се должат директно или индиректно на:
- лошо инсталирање или интервенција на уредот од каква било природа од страна на неовластен сервис,
- лошо користење, оштетени филтри, невнимание и недоволно одржување на уредот (чистење на уредот кога има потреба), лошо струјно поврзување, користење спротивно на упатството, оштетувања од неправилен напон,
- користење на незаземјена приклучница, механички оштетувања на уредот (лимени, пластични делови или пластични црева).
- Гаранцијата НЕ важи доколку: уредот е преместуван, оневозможено му е проток на воздух, каблите се продолжувани, уредот е приклучен на неадекватен продолжен кабел заедно со други уреди.
- Под гаранција НЕ спаѓаат перформансите, односно:
- 1. Дали уредот е побучен или не е во однос на друг клима уред;
- 2. Дали постигнува зададена температура ако е купен клима уред со помал капацитет од потребниот.
- Гаранцијата на далечинскиот управувач е 7 дена.
- Во случај на дефект или неправилности поврзани со монтажата, најпрво контактирајте го овластениот монтер – сервисер кој го извршил вградувањето на уредот.
- За дополнителни прашања поврзани со сервисирањето на уредот, можете да ја контактирате компанијата Мега ДОО.
- Мега ДОО гарантира за квалитетот и исправното функционирање на клима уредите во рамки на гарантен рок.
- Гаранцијата се издава за клима уреди купени на територијата на Република Северна Македонија.