Haier Revive Plus: Зошто домот е најубавото место на светот?

Што е она што го прави секој дом совршен? И зошто со трчање брзаме да стигнеме и да се раскомотиме по напорниот ден?

Едно нешто е сигурно ‒ домот е местото каде што имаш најубава атмосфера, уживаш во најубавиот амбиент и во комфорот што истовремено го создава и врвната технологија, правејќи го и поубав и поефикасен.

Што вѐ носи до нашиот совет и препорака за врвна технологија создадена да ви овозможи максимална удобност? 
Накратко ќе ве запознаеме со Haier REVIVE Plus, инвертер клима-уред, кој е совршено комбо за домот.

Тивок и ненаметлив

Haier REVIVE Plus во неколку нивоа и функционалности се разликува од сите други, со напредна технологија, која во исто време совршено се вклопува во ентериерот, а секако и во домашниот буџет со својата енергетска класа А++.

Во твојот дом нема годишни времиња

Грижата дали е надвор e топло или ладно останува на прагот на вашиот дом. Haier REVIVE Plus функционира и во променливи сезони, подготвен за беспрекорна работа и во зими со температури до -20 °C.

Дома те чека совршена температура

Надвор ‒ пекол. Но, преку апликацијата hOn Wi-Fi го вклучувате Haier уредот и влегувате дома каде што е веќе разладено. Сензорот I FEEL на далечинскиот управувач те следи и ја приспособува температурата таму кај што си.


Пријатен воздух те гали

Колку пати ти се случило да заспиеш со вклучена клима, а да се разбудиш вкочанет? Coanda Plus функцијата обезбедува циркулирање на воздухот во просторот, рамномерно распределувајќи ја температурата и избегнувајќи директно дување, за попријатно чувство во секој дел од домот.

Неколку предности и совети како да ја искористите врвната технологија за ваш комфор, а сепак со ниска потрошувачка, долга гаранција… Не е само клима-уред, повеќе е инвестиција за домот – чист и пријатен воздух, со технологија што значи врвен комфор.

Што ако зимата остане пред врата? Што е она што го прави домот најубав кога надвор студот штипе? И зошто едвај чекаме да влеземе, да ги соблечеме јакните и удобно да се сместиме?
Едно нешто е сигурно – домот е местото каде што зимата завршува, а започнува топлина, чист воздух и комфор.
Што ве носи до нашиот совет и препорака за врвна технологија создадена за најстудените денови?

Вреди да прочитате